Чурлинов со два гола и асистенција за У19 Келн против Хофенхајм и Панатинаикос (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец со У19 тимот на Келн беше дел од традиционалниот новогодишен „Мерцедес-Бенц ЈуниорКуп“.

На овој турнир учествуваат екипите на Келн, Штутгарт, Херта, Викингур Рејкјавик, Грасхоперс, Хофенхајм, Баерн Минхен и Панатинаикос.

Најпрвин на првиот ден од рамките од групата Б вчера клубот на Дарко Чурлинов најпрвин загуби убедливо со 3:0 од Панатинаикос, потоа и од Баерн Минхен со 3:2.

Нешто подоцна го забележа и првиот триумф над Хофенхајм со 5:2, а нашиот играч имаше погодок и стрелаше во 14. минута за 3:2, а беше и асистент на четвртиот погодок.

Надежите на Келн дојдоа и до вториот триумф од турнирот остварен над швајцарскиот претставник Грасхоперс (2:1).

Денеска на вториот ден во четвртфиналето претрпе минимален пораз од Штутгарт (1:2), а свој придонес во единствениот погодок, изведувајќи удар од аголот имаше Чурлинов.

Му се реваншираше на Панатинаикос (5:1) каде што свој погодок уште еден забележа Чурлинов за 3:0 во деветтата минута од средбата и на тој начин го освои петтото место на турнирот.