„Црвено-црн“ блесок во Анталија: Вардар убедливо го надигра полскиот Заглебје! (ВИДЕО)

Вардар во четвртиот натпревар одигран денеска на подготовките во Анталија, стигна до вториот триумф над Заглебје Лубин од Полска.

Ова беше најубедливиот триумф до сега на подготовките, а македонскиот фудбалски шампион стигна до него благодарение на головите на Блажевски, Фелипе и Барсегјан.

„Црвено-црниот“ тим предводен од тренерот Чедомир Јаневски имаше уште неколку добри прилики за поубедлива победа, но не ги реализираше.

Од друга страна, пак, противникот на неколку пати се закани, но Гачевски со неколку интервенции не дозволи да се тресе неговата мрежа, оставајќи го противникот без даден гол.

ВАРДАР (Македонија) – ЗАГЛЕБЈЕ Л. (Полска) 3:0 (1:0)

Терен: „Каја Палацо“ во Анталија.

Стрелци: 1:0 Блажевски 40’, 2:0 Фелипе 48’, 3:0 Барсегјан 58’

Ж. Картони: Фелипе, Брдаровски (В) – Бонецки, Кубицки (З).

ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски, Грнчаров (78’ Тошевски), Новак, Глишиќ, Глигоров, Марковиќ, Фелипе (87’ Фелипе), Попзлатанов (78’ Цветаноски), Блажевски (78’ Бериша), Барсегјан (87’ Колевски).

Фото: fkvardar.mk