Чемпионшип: Триумф после 2 месеци, Алиоски асистираше за радост на Лидс! (ВИДЕО)

После два месеци Лидс конечно им се врати на победите…

Денеска во рамките од 34. коло во Чемпионшип три значајни бодови освои Лидс после домашната победа од 1:0 над Брентфорд.

Стрелец на единствениот гол беше капитенот на домашниот клуб, Шкотот Купер по асистенцијата на македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски во 31. мин. од средбата на „Иланд Роуд“.

Нашиот играч го одигра целиот меч кој воедно пред погодокот во првото полувреме доби и жолт картон во 24. минута.

На табелата Лидс е на 11. место со 49 бодови и во следното коло ќе игра против Мидлзбро на гостински терен на 2. март 2018 год.