Браво Крсте! И понатаму живее фер-плејот, Македонецот ги одушеви противничките навивачи! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Сараево славеа со резултат 4:1 на гостувањето против Радник во рамките од босанскиот шампионат.

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски придонесе во триумфот со еден гол реализиран од пенал во 14. минута од средбата за моментно трето место на клубот на табелата со 14 бодови.

На тој начин нашиот играч ја продолжува добрата форма сезонава, стигнувајќи досега до четвртиот погодок.

Исто така, во овој дуел имаше и момент на денот, кога Македонецот изведе еден фер плеј потег со што наиде на аплаузи од домашните противнички навивачи на стадионот.

Велкоски тргна во контранапад, ситуација „два на два“, но застана, виде како лежи противнички играч кој се жалеше на повреда и веднаш ја исфрли топката во аут.

FK Radnik B. – FK Sarajevo / Velkoski fer… by watch-it-now