БиХ: Прекрасен погодок на Велкоски во триумфот на Сараево (ВИДЕО)

Во 29. коло од најсилното фудбалско првенство на Босна и Херцеговина составот на Сараево на домашен терен со резултат 3:1 го совлада Радник Бијељина.

Еден од најзаслужните за трите бода беше македонскиот интернационалец Крсте Велкоски кој со два гола во првото полувреме (7. мин., 18 мин.) ја започна гол-серијата.

На табелата Сараево е на четвртото место со 50 бодови, 13 помалку зад лидерот Зрињски, а во следното коло ќе игра на гостувањето кај Крупа.

ПРВИОТ ГОЛ НА ВЕЛКОСКИ НА 00:12 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ –

ВТОРИОТ ГОЛ НА ВЕЛКОСКИ НА 00:59 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ –