Без победник на контролниот дуел помеѓу Работнички и украинскиот Мариупол

Работнички ремизираше (1-1) против украинскиот прволигаш Мариупол на денешниот пријателски натпревар што се одигра во Анталија.

Тимот на Горан Станковски беше подобар ривал во првиот дел и обезбеди предност, но Мариупол во завршницата од мечот стигна до израмнување.

Македонската екипа поведе во 28.минута со голот на Стојанчо Велинов. Тој одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и ја затресе мрежата на Мариупол. Осум минути подоцна Дедечко се закани, но Даниел Божиновски беше на висина на задачата.

Во вториот дел, Мариупол сепак успеа да израмни. Во 80.минута, Игор Тишенко успеа да реализира по центаршутот на Болбат од левата страна. Да додадеме уште дека во составот на Мариупол настапи и нашиот репрезентативец Бесир Демири.

РАБОТНИЧКИ (Македонија) – МАРИУПОЛ (Украина) 1-1 (1-0)

Фудбалски центар во Анталија. Стрелец: Велинов 28’ (Работнички), Тишенко 80’ (Мариупол)

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Крмар, Митрев, Красниќи, Херера, Трајчевски, Дурански, Стјепановиќ, Велинов, Серџо јуниор, Станковски.

Фото: fkrabotnicki.com