Барди во Топ 10 голови за 2017 година во шпанската Примера (ВИДЕО)

Официјалниот ЈуТЈуб канал на шпанската фудбалска Примера ги објави најдобрите 10 голови за изминатата 2017. година.

Во овој избор се најде и мајсторијата на македонскиот репрезентативец Енис Барди кој од оваа натпреварувачка сезона настапува за составот на Леванте.

Неговиот прекрасен слободен удар на дуелот против Депортиво Ла Коруња се најде на шестото место, натпревар кој што беше одигран сезонава рамките од второто коло.

Значи, севкупно овие Топ 10 погодоци доаѓаат од минатата, но и сегашната сезона. Уживајте уште во мајсториите на Јаго Аспас, Антоан Гризман, Луис Суарез, Лионел Меси, Гончало Гедеш, Фернандо Торес, Марко Асенсио, Чема Родригез, а на првата позиција е играчот на Легањес, Габриел Пирес.

ВИДЕО ЗАПИСОТ СО НАЈДОБРИТЕ 10 ГОЛОВИ ЗА 2017. ГОДИНА ВО ШПАНСКАТА ФУДБАЛСКА ПРИМЕРА МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА