Бабунски и Јокохама полуфиналисти во јапонскиот куп

Денеска во четвртфиналето на јапонскиот „Емперорс“ куп составот на Јокохама М. со резултат 1:0 ја елиминираше Ивата.

На тој начин обезбеди пласман во полуфиналето каде што се наоѓаат уште екипите на Ц-Осака, Кобе и Кашива.

На денешниот дуел целиот меч за Јокохама М. го одигра македонскиот интернационалец Давид Бабунски. Единствениот погодок беше реализиран во 81. минута кога автогол си постигна Такахаши.

Според најавите полуфиналните дуели во Купот на Јапонија ќе се одиграат на 23. декември годинава, а финалето е закажано на 1. јануари 2018 год.