Бабунски: 2017 беше најдобра во мојот живот, 2018 ќе биде уште поголема!

Македонскиот интернационалец на својот Инстаграм профил вели дека 2017. година беше досега најдобрата за него.

2017. година беше досега најдобра во мојот живот, на секое ниво. Ти благодарам многу Јокохама Маринос и Јапонија. Едвај чекам да ја направам 2018 уште поголема“, вели Давид Бабунски.

Годината ја започна со финале во јапонскиот „Куп на Император“ каде што неговиот клуб Јокохама Ф. Маринос загуби со 2:1 од Церезо Осака.

Во изминатата година 23-годишниот играч за врска во нападот во дресот на Јокохама Ф. Маринос имаше 20 вкупно натпревари и три голови.

Воедно со младата У21 репрезентација во 2017. го имаше најголемиот успех на една наша национална селекција настапувајќи на Европското првенство во Полска.

Поранешниот фудбалер на младинската школа на Барселона и Црвена Звезда, има девет одиграни мечеви за македонската сениорска селекција.

Навивачите на Јокохама Ф. Маринос му се заблагодаруваат на Бабунски што е во Јапонија и е дел од клубот. Среќни што ја гледаат неговата игра, воедно борбеност и зрелост со исклучително стратешко око во Јокохама.

Му пожелуваат добар одмор, со нетрпение повторно да го следат и во наредната сезона, а воедно изразуваат желба за освојување на шампионската национална титула во 2018 и му посакуваат се најдобро.