Австралија: Првенец сезонава за Георгиевски против „својот“ Мелбурн Виктори! (ВИДЕО)

Во рамките од осмото коло во најсилното првенство на Австралија…

Составот на Њукасл Џетс на домашен терен со убедлив резултат 4:1 го совлада Мелбурн Виктори.

Иако негатива имаше прво домаќинот уште од петтата минута, следуваше целосен пресврт кој го најави македонскиот интернационалец Даниел Георгиевски во 13. минута после асистенцијата на Петратос.

Нашиот поранешен репрезентативец го постигна првиот гол сезонава (прва во дресот на Њукасл Џетс) во шестиот настап и против својот поранешен клуб во чии редови помина вкупно три години.

ГОЛОТ НА ГЕОРГИЕВСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 02:13 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ: