Аргентински фудбалер на пробен период во Вардар!

На тренинзите на ФК Вардар е пристигнат играч од Аргентина.

Станува збор за 23 годишниот офанзивен играч Лукас Нахуел Охеда.

Охеда тренира со Вардар и ќе помине извесен тест период. Исто така овој играч ќе патува во Анталија со Вардар каде ќе одигра и неколку тест натпревари.

Последен клуб на Охеда му е Ривер Плејт. Покрај Охеда во Анталија треба да пристигне и уште еден играч од странство исто така на проба.

Фото: vardarfans.mk