Анталија: Шкендија минимално поразена од Цирих (ВИДЕО)

Во пријателски натпревар како подготовка за пролетниот дел од сезоната…

Фудбалскиот клуб на Шкендија во Анталија загуби од составот на Цирих со конечен резултат 1:2 (0:0).

Швајцарците водеа со голот на Двамена во 65. и Родригез од пенал во 71. минута, а поразот на тетовските „црвено-црни“ го ублажи Ибраими во 90. минута од средбата.

За Шкендија настапија: Захов, Бејтулаи, Адили, Текја, Цуцули, Алими, Фазлагиќ, Радески, Хасани, Жуниор, Ибраими. Играа уште: Тодоровски, Емини, Мурати, Бојку, Шефити, Билали, Садриу.