Ангеловски пред утрешниот меч: Не е важно кој е противникот, одиме на победа!

Македонската А репрезентација утре против Лихтенштајн ги затвора квалификациите за СП во Русија 2018 година.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски на официјалната прес-конференција изјавија дека Македонија е фаворит на дуелот и доколку пристапот биде правилен очекуваат победа.

Очекувам фудбалерите да имаат пристап и да влезат во натпреварот како и на изминатите натпревари од квалификациите. Секогаш велам дека не е важно кој е на спротивната страна, туку како ќе го одиграме натпреварот.

Не потценуваме, но ниту преценуваме било кого. Барам да бидеме рамноправен тим против секого, без разлика на противникот во оваа група. Пред нас е меч со противник кого го победивме на нивен терен и не бегаме од фаворитската улога.

Ќе барам од моите фудбалери максимално да настапат за да го добиеме овој натпревар“, изјави Ангеловски, кој потоа додаде дека Спировски нема да игра поради жолти картони. Велковски се повреди, можно е формациски да има промени.

Влезниците се веќе во продажба по цена од 100 и 200 денари за натпреварот Македонија – Лихтенштајн, кој што ќе се игра утре (9. октомври, 20:45 ч.) на стадионот „Младост“ – Струмица. Можете да купите билет преку продажната мрежа на mktickets.