Ангеловски: Можни се уште две контролки во мај – ќе бидеме подобри во Лигата на нации!

На мини-турнејата во Анталија, македонската фудбалска сениорска репрезентација одигра два пријателски натпревари…

Избраниците на селекторот Ангеловски не забележаа ниту една победа, но продолжи долгата серија која трае од минатата година без пораз.

На дуелите во Белек „црвено-жолтите“ најпрвин без голови ремизираа со Финска (0:0), а потоа и со селекцијата на Азербејџан (1:1).

И на двата контролни мечеви можеа нашите најдобри фудбалери да излезат како победници, меѓутоа не се користеа своите одлични шанси за реализација.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски:

Можно е да одиграме уште два пријателски натпревари во мај. Во Турција имавме одлични услови за тренинг кои ги искористивме максимално.

Можам само да им честитам на моите играчи за нивниот пристап и решителност, само доколку играме мотивирано, можеме да постигнеме добри резултати.

Создававме шанси, имавме прилики во кои недостасуваше завршниот чекор, но ова се тест дуели преку кои репрезентативците ја темпираат својата форма. Ќе бидеме многу подобри во Лигата на нации“.

Да потсетиме, најдобрата македонска репрезентација првиот натпревар во Лигата на нации на УЕФА ќе го одигра на 6. септември против Гибралтар на гостински терен.

На 9. септември првиот домашен натпревар го играме против Ерменија. На 13. октомври ни доаѓа Лихтенштајн, а три дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.

Ноемвриските пресметки ги играме на 16. и 19. ноември. Прво гостуваме во Лихтенштајн, а натпреварувањето го затвораме дома против Гибралтар.