Ангеловски: Ја имавме најуспешната година во историјата на македонскиот фудбал!

Селекторот на македонската фудбалска сениорска репрезентација, Игор Ангеловски.

Најуспешна година во историјата на македонскиот фудбал, имавме многу настани, успеси…

Прв пат една репрезентација играше на Европско првенство, младите селекции постигнаа одлични резултати.

Вардар стана првиот наш клуб што обезбеди место во група од Лигата на Европа, Супер Купот на УЕФА е најголемиот спортски настан во нашата спортска историја, а резултатски годината беше најуспешна и за А репрезентацијата со пет победи, три нерешени натпревари и пораз само од Шпанија.

Очите во А репрезентацијата се секогаш вперени, а во 2018 година ќе бидеме сконцентрирани на Лигата на нации. Секој член на репрезентацијата е задолжен за позитивната атмосфера и се надевам дека ќе биде уште подобро. Среќна Нова 2018 година, посакувам многу здравје, среќа и многу радости на фудбалски план“.