Ангелов од Ујпешт на позајмица во Работнички

Работнички успеа да ги засили своите редови со македонскиот репрезентативен напаѓач Виктор Ангелов.

Членот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска за селекции до 21 година, доаѓа како позајмен играч од унгарскиот клуб Ујпешт. Тој потпиша договор со Работнички до крајот на сезоната.

Од 2011 до 2013 година беше член на Работнички, во еден период замина на позајмица во Тетекс, а потоа настапуваше и за Металург, од каде направи трансфер во унгарскиот прволигаш Ујпешт.

По две сезони во Унгарија, Виктор Ангелов ја прифати понудата на Работнички во наредните шест месеци да настапува во дресот на „романтичарите“.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-УРДИНОВ ЈА ПРОДОЛЖИ КАРИЕРАТА ВО АЗЕРБЕЈЏАН-

26-годишниот лев бек потпиша за екипата на Зира. Веќе го имаше дебито во ремито (1:1) против Сумгајит.

Претходно Јани Урдинов беше дел уште од Рода, Работнички, Екранас, Железничар, Видзев Лоѓ, Шкендија, Фламуртари Валона, Височина Јихлава и Бохемијанс 1905.

Фото: fkrabotnicki.com