Андонова и Барселона ќе играат во осминафиналето од ЛШ

И на реванш натпреварот од 1/16 финалето во женската фудбалска Лига на шампионите…

Триумфираше Барселона на домашен терен со 2:0 против екипата на Авалдснес. На првиот меч во Норвешка шпанскиот гигант Барса триумфираше убедливо со 0:4.

На возвратната пресметка целата средба ја одигра македонската фудбалерка Наташа Андонова која секако имаше клучен придонес (асистенција на првиот дуел) за пласман во осминафиналето.

На реваншот стрелци на головите беа Мартенс во 52. минута, а асистентот на тој гол Лосада пет минути подоцна го постави конечниот епилог.

Покрај Барселона, во осминафиналето се пласираа Стјарнан (Исланд), Флоренц (Италија), Линкопингс (Шведска), Монпелје (Франција), Гинтра Университетас (Литванија), Волфсбург (Германија), Лилестром СК Квинер (Норвешка), Бреша (Италија), Челзи (Англија), Славија Прага (Чешка), Олимпик Лион (Франција), Спарта Прага (Чешка) и Розенгард (Шведска), поранешниот клуб на Андонова.

Последните две екипи ќе ги дознаеме в четврток со реванш средбите Казигурт (Казахстан)-Глазгов (Шкотска) (3:0) и Ст. Полтен (Австрија)-Манчестер Сити (Англија) (0:3).