Андонова асистент во новата важна победа на Барселона (ВИДЕО)

Во рамките од 28. коло во најквалитетната шпанска фудбалска лига во женска конкуренција…

Составот на Барселона триумфираше на гостувањето кај тимот на Еспањол со конечен резултат 1:3.

Македонската фудбалерка Наташа Андонова при 1:2 настапи во 90. мин. како замена за Калдентеј, а во 95. мин. иако случајно, но барем придонесе во вид на асистенција до Латор (90+5) да биде поставен конечниот епилог.

Барса така ја продолжува трката за шампионската титула, после 28. кола се наоѓа на второто место со 70 бодови, само еден помалку зад водечкиот Атлетико Мадрид.

До крајот на шампионатот остануваат уште две кола, најпрвин Барса ќе го пречека Ваљекано, а потоа на 13. мај 2018 год. ќе гостува кај Леванте.

АСИСТЕНЦИЈАТА НА АНДОНОВА МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ОД 01:36 МИН. НА ВИДЕО ЗАПИСОТ: