Алтипармаковски за Спорт365: Судува има високи амбиции, играме одлично и со надеж за нови победи и голови!

Во рамките од најквалитетниот литвански фудбалски шампионат Судува се наоѓа во победничка низа.

Во средата беше забележана третата победа по ред кај Стумбрас со конечен резултат 1:3, а македонскиот интернационалец Марјан Алтипармаковски го реализираше третиот гол на клубот за поставување на конечниот епилог.

Ова за него беше четврти гол сезонава, а екипата е моментно на третото место со 41 бод, зад второпласираниот Тракаи (45) и лидерот Жалгирис (45), со напомена дека Судува има три мечеви помалку поради настапите на меѓународната сцена ова лето.

Наредниот лигашки дуел треба да го имаат на 28. септември пред своите гледачи против тимот на Утенис.

Условите во клубот се навистина одлични, има тренинг центар каков што нема нитуедна екипа во Македонија.

Сега сме на третата позиција, меѓутоа имаме 3 натпревари помалку од Жалгирис и Тракаи, откако летово игравме во Европа каде стигнавме до плеј-офот и затоа одложивме многу мечеви во првенството.

Во добра форма сме, играме одлично и се надевам дека така и ќе продолжиме до крајот на сезоната. Амбициите на клубот се високи и доколку ни се укаже прилика да го стигнеме Жалгирис мислам дека ќе ја искористиме.

Воедно се надевам дека ќе продолжам во ист ритам и ќе постигнам уште неколку голови“, изјави ексклузивно за нашиот веб портал „Спорт365.мк“ фудбалерот на литванскиот клуб, Судува, Марјан Алтипармаковски.

НЕГОВИОТ ПРЕКРАСЕН ГОЛ ПРОТИВ СТУМБРАС МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 04:08 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ: