Академијата на ФФМ со четири победи на пет натпревари во Ерменија!

Нашиот Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот на кои само Македонија беше претставувана од Академија, додека останатите учествуваа со младите Национални тимови.

Академијата на ФФМ предводена од Неџат Шабани и Горан Георгиевски оствари четири победи во петте одиграни натпревари на УЕФА развојниот турнир во Ереван, Ерменија.

Нашите млади фудбалери до 14 години славеа победа против репрезентациите на Белорусија (2:0, Матео Софијановски и автогол на Белорусија), Ерменија (2:0, Иван Глигоров, Марко Софијановски), Казахстан (2:1, Марко Софијановски и автогол на Казахстан), и повторно Ерменија (2:0, Махмедриза Хамза, Михаил Талевски), а единствениот пораз го доживеавме од селекцијата на Иран со минимални 1:0.

Академијата на ФФМ на развојниот турнир на УЕФА во Ереван ја претставуваа следните фудбалери: Албан Шабани, Иван Глигоров, Огнен Здравковски, Бленд Зекири, Дејвид Митревски, Стефан Тасев, Васко Василев, Матеј Ангелов, Михаил Талевски, Виктор Боневски, Марко Ристов, Марио Ричков, Марио Мастев, Марио Коцевски, Матео Софијановски, Марко Софијановски, Идриз Османовиќ, Енис Буќи, Филип Поповски, Мирче Стоилов, Матеј Георгиев, Матеј Јордановски, Махмедриза Хамза, Кристијан Костовски, Андреј Бобевски, Марко Треневски, Донарт Ибраими;

Нашиот Матеј Георгиев беше прогласен за најдобар фудбалер на турнирот. Иран го освои првото место со пет победи, Македонија заврши на втората позиција со четири победи во пет натпревари.

Фото: ffm.mk