Академија Пандев со „петарда“ го елиминираше Силекс за четвртфинале во Купот

Откако вчера Тетекс прв обезбеди пласман во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија…

Денеска дознавме уште пет патници помеѓу осумте најдобри во натпреварувањето оваа сезона 2017/2018.

Академија Пандев и покрај минималната негатива од 1:0 на првиот натпревар, ја анулираше со висок триумф од 5:0 над Силекс од Кратово.

Потоа, Пелистер по втор пат го преслуша Борец со 1:3, на првиот дуел битолчани славеа со 4:2. Слична ситуација и на двомечот Еуромилк-Скопје, каде што скопјани и по втор пат со 3:0 беше подобар од својот ривал.

Победа уште поубедлива на возвратниот дуел против Брегалница, откако на првиот меч славеше со 3:2, овојпат прилепската екипа блескаше со триумф од 5:1.

И на крајот најинтересно беше помеѓу Струга Трим Лум и Ренова. „Гипсарите“ бранеа предност од 3:2, на денешниот дуел ја одбранија ремизирајќи 2:2.

Да резимираме досега пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија обезбедија Тетекс, Академија Пандев, Пелистер, Скопје, Победа и Ренова.