Академија Пандев пропушти триумф против јужнокорејскиот Даежон

Академија Пандев го одигра последниот натпревар на подготовките во Анталија (Турција).

Противник беше јужнокорејскиот тим Даежон Ситизенс, а дуелот заврши без победник – 2:2.

По првото полувреме македонскиот прволигаш водеше со 1:0 со голот на Димов, а стрелец на вториот погодок беше Велиновски.

Академија Пандев играше во следниот состав: Вујанац, Атанаскоски, Димов, Илиев, Чешмеџиев, Иванов, Атанасов, Пандев, Грифони, Миловановиќ, Балдовалиев.

Во второто полувреме влегоа уште: Скендери, Марков, Велиновски, Дончев, Николов и Ганчев.

В недела експедицијата на ФК Академија Пандев се враќа во Македонија во очекување на продолжението од Првата македонска фудбалска лига.

Имаат вкупно десетина дена да се подготват за првиот противник Шкупи во пролетниот дел од сезоната, а натпреварот ќе се игра на Чаир.

Во претходните контролни мечеви во АНталија претрпеа четири порази и уште едно реми. Загубија од косовската Приштина (0:3), српскиот Младост Лучани (0:1), полската Краковија (0:1) и рускиот Јенисеј, а ремизираше уште со Сумкајит од Азербејџан (1:1).

Фото: akademijapandev.mk