Академија Пандев, Пелистер и Ренова поблиску до полуфиналето во Купот

Се одиграа првите натпревари од четвртфиналето во Купот на Македонија…

Најубедлив беше Пелистер на домашен терен кој во пелагониското дерби ја совлада Победа со 5:2, иако на полувремето беше 2:2.

Поведе прилепскиот клуб со погодокот на Ристевски, па следуваа два на Тодоровски, а непосредно пред паузата од пенал израмни Наумоски.

Сите дилеми околу победникот беа решени во второто полувреме, Пеев стрелаше во 63. минута, а Фереира Кардозо во период од пет минути двапати се запиша во листата на стрелците.

Потоа, Ренова како домаќин со 2:0 триумфираше против Скопје со голови реализирани во последните 10. минути преку Петковски и Костов.

Екипата на Академија Пандев обезбеди убава предност пред реваншот, откако на гостински терен беше подобра од Тетекс.

Мишов во 35. минута го отвори резултатот за 1:0, додека во 83. минута Балдовалиев зголеми на 2:0 за поставување на конечниот епилог.

Да додадеме уште дека беше донесена одлука натпреварите од осминафиналето меѓу Вардар и Шкупи да се одиграат во следните термини:

· Вардар – Шкупи 1927, 29.11.2017., 1/8 финале 1. натпревар, 13.00 часот

· Шкупи 1927 – Вардар, 17.12.2017., 1/8 финале 2. Натпревар, 13.00 часот

Победникот од овој двомеч во четвртфиналето ќе се сретне против Шкендија.