1МФЛ: Значајни три бода за Скопје против Шкупи во битката за опстанок!

Денеска во последниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) победа оствари екипата на Скопје.

Ова е само трет триумф сезонава во шампионатот за скопјани кои со 0:2 славеа на гостувањето кај Шкупи, но и понатаму останува на последното 10. место.

Стрелци на головите беа Десниќ во деветтата минута и интернационалецот од Того Кофи во 54. мин. од средбата која се одигра не на стадионот во Чаир, туку на Градскиот стадион во Гостивар.

1МФЛ, 24. коло

Сабота:

Академија Пандев-Пелистер 1:1 (Илијоски автогол 48/Ристевски 90+3)
Победа-Работнички 2:0 (Лога 82, Најдовски 90+4)
Шкендија-Силекс 1:0 (Фазлагиќ 16)
Вардар-Ренова 1:0 (Блажевски 23)

Недела:

Шкупи-Скопје 0:2 (Десниќ 9, Кофи 54)

Табела:

1.Шкендија 62 бодови
2.Вардар 46
3.Силекс 36

4.Шкупи 29
5.Академија Пандев 29
6.Работнички 28
7.Ренова 25

8.Победа 25
9.Пелистер 22
10.Скопје 20

Наредно, 25. коло, двојки:

29. март (14:00 ч.)

Работнички-Академија Пандев
Силекс-Победа
Скопје-Шкендија
Ренова-Шкупи
Пелистер-Вардар

Фото: fcshkupi.com