1МФЛ: Вардар ја губи шампионската трка, само бод против Скопје! (ВИДЕО)

И покрај големата иницијатива и шансите, Вардар не успеа да дојде до победата во дуелот против Скопје на гостински терен (0:0).

„Црвено-црните“ особено во вториот дел доминираа на теренот, имаа и неколку добри можности кои не ги искористија на теренот на противникот.

Втор пат сезоната на „Железарница“, вардаровиот тим освојува само бод откако во есенскиот дел беше исто така нерешено.

Во останатите дуели 23. коло во Првата македонска фудбалска лига: Победа-Академија Пандев 0:0, Силекс-Шкупи 1:1, Работнички-Шкендија 0:2, Ренова-Пелистер 0:1.

Табела: Шкендија 59 бодови, Вардар 43, Силекс 36, Шкупи 29, Работнички 28, Академија Пандев 28, Ренова 25, Победа 22, Пелистер 21, Скопје 17.

Фото: fkvardar.mk