1МФЛ: Вардар испушти победа, Шкендија до бод во финишот!

Актуелниот бранител на титулата во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ) Вардар не успеа да слави во дербито во Тетово…

Иако избраниците на тренерот Чедомир Јаневски водеа се до 85. минута кога Шкендија израмни за поставување на конечниот резултат 1:1.

Имаше голем број на шанси во оваа пресметка, во првиот дел Вардар се обидуваше да стигне до гол преку контранапади, додека пак Шкендија воглавно се закануваше преку десната страна преку Ибраими.

„Црвено-црните“ имаат убава прилика 22. минута кога Барсегјан одлично го пронајде Попзлатанов кој беше сам на 5-6 метри, биеше но Захов му го одбрани шутот. Се закани и Фелипе со два удари од далечина, но беа непрецизни.

Тимот на Ќатип Османи својата најголема шанса ја имаше во 41. минута, Ибраими одлично продре по страна, му асистираше на Хасани кој од само неколку метри не успеа да постигне гол и топката отиде високо над голот на Гачевски.

Во второто полувреме прв се закани Вардар и тоа со огромна шанса за гол, Попзлатанов го проигра Барсегјан кој излезе сам пред Захов, но голманот на Шкендија одбрани и топката отиде во корнер. Во 64. минута Радески излезе сам пред голот на Вардар, но неговиот обид феноменално го одбрани Гачевски и спаси чист гол.

Водечкиот погодок Вардарци го имаат во 78. минута, нафрли Фелипе од корнер на првиот дирек Новак со глава го проигра Грнчаров кој со глава погоди во голот на противникот за голема радост. Израмнувањето се случи во 85. минута кога Ибраими му донесе значаен бод на својот состав во трката за шампионската титула оваа сезона.

1МФЛ, 19. коло, резултати: 

Победа-Пелистер 1:1 (Даноски 11/Маневски 9)
Работнички-Ренова 0:0
Шкупи-Академија Пандев 5:2 (Илијоски 7, 17, 23, Јашароски 59, Стојкоски 79/Стоилов 31, Грифони 71)
Силекс-Скопје (одл.)
Шкендија-Вардар 1:1 (Ибраими 85/Грнчаров 78)

Табела:

1.Шкендија 47 бодови
2.Вардар 39
3.Силекс 31

4.Шкупи 26
5.Академија Пандев 25
6.Работнички 24
7.Победа 20

8.Ренова 19
9.Пелистер 17
10.Скопје 10

Наредно, 20. коло

17.02.2018 (14:00 ч.) Ренова-Силекс

18.02.2018 (14:00 ч.) Академија Пандев-Скопје, Пелистер-Работнички, Вардар-Победа, Шкупи-Шкендија

Фото: fkvardar.mk