1МФЛ: Титулата е многу блиску за Шкендија која го „прегази“ Пелистер! (ВИДЕО)

Се одиграа петте средби од 27. коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ)…

Шкендија е се поблиску до шампионската титула (поточно недостигаат уште седум бода), тетовскиот клуб доминираше на Градскиот стадион Под Тумбе Кафе со резултат 0:6 против Пелистер.

На теренот во Битола избраниците на тренерот Османи дојдоа до трите бода преку Бојку, Фазлагиќ, Бејтулаи, Жуниор, Алими и Радески.

Вардар направи уште еден чекор назад во битката за врвот, откако одигра само 1:1 против Шкупи на Националната Арена „Филип Втори“.

Поведе тимот од Чаир со погодокот на Имери во 31. мин., а во самиот финиш од средбата бод за „црвено-црните“ донесе Новак.

1МФЛ, 27. коло

Недела, резултати:

Силекс-Академија Пандев 0:0
Скопје-Работнички 0:1 (Велинов 81)
Пелистер-Шкендија 0:6 (Бојку 29, Фазлагиќ 38, Бејтулаи 43, Жуниор 58, Алими 62, Радески 64)
Ренова-Победа 2:1 (Јусуфи 38, Маркос 69/Даноски 44)
Вардар-Шкупи 1:1 (Новак 90+3/Имери 31)

Табела:

1.Шкендија 69 бодови
2.Вардар 49
3.Силекс 41

4.Работнички 35
5.Академија Пандев 32
6.Ренова 31
7.Шкупи 30

8.Победа 25
9.Пелистер 24
10.Скопје 24

Наредно коло, двојки (18.04.2018):

15:00 ч.Вардар-Шкендија
16:00 ч.Академија Пандев-Шкупи
16:00 ч.Пелистер-Победа
16:00 ч.Ренова-Работнички
16:00 ч.Скопје-Силекс


Фото: kfshkendija.com