1МФЛ: Што се случува со Вардар, поразен и во градското дерби од Работнички! (ВИДЕО)

Вардар денеска доживеа нов, трет по ред пораз во првенствените натпревари. Практично продолжува негативната серија на „црвено-црните“ кои веќе шест меча во низа не знаат за триумф…

Во скопското дерби во рамките од 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), Вардарци загубија како домаќини од Работнички минимално со 1:0. И покрај тоа што имаше неколку добри шанси во текот на првиот и на вториот дел, сепак, „црвено-црните“ на крајот останаа без ниту еден освоен бод и во ова последно градско дерби во оваа сезона.

Првата шанса на мечот е за Блажевски кој што во 13. минута одкосо од лево упати удар кој не беше опасен за Божиновски. Во 21. минута шанса и за Работнички по шутот на Ангелов од дваесетина метри, и топката отиде само над голот.

Во тек беше 22. минута кога после акција на Работнички, Маркоски е во добра позиција, осамен пред голот на Вардар, меѓутоа Алексовски го одбрани неговиот шут. Веднаш потоа во 31. минута Барсегјан убаво го поригра Блажевски кој што беше во добра позиција, меѓутоа шутираше од дваесетина метри, и неговиот удар беше одбранет од страна на противничкиот голман.

Две шанси на почетокот на вториот дел имаа Вардарци. Поточно во 47 минута два пати се обиде Барсегјан. Прво со глава го погоди голот, но одбрани Божиновски, а потоа по додавање на Попзлатанов шутираше непрецизно. Две минути подоцна одлична интервенција на Алексовски после шутот на Ангелов по акцијата на Работнички од десната страна.

Во 56. минута Работнички поведе, одзеде една топка Стјепановиќ на средината на теренот, додаде до Ангелов кој што од 22-23 метри со прецизен удар го совлада домашниот голман Алексовски.

Се играше 58. минута кога Ангелов шутираше силно од слободен удар, но одбрани Алексовски. Во 61. минута шут на Попзлатанов кој што беше одбранет од страна на Божиновски.

Во финишот од средбата две шанси за Работнички. Најпрво во 82. минута обид на Стојков со глава, но одбрана на Божиновски. Голманот на „романтичарите“ го брани и обидот на Бериша со глава во 87. минута.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 0:1 (0:0)

Скопје, Национална Арена „Филип Втори“. Гледачи: 200.

Судија: Димитар Мечкаровски.

Стрелци: 0:1 Ангелов 56’

Ж. Картони: Блажевски, Новак, Попов (В) – Стјепановиќ, Трајчевски, Крмар (Р).

ВАРДАР: Алексовски, Попов, Грнчаров, Новак, Брдаровски, Битанг, Марковиќ (66’ Реџепи), Исени, Блажевски (63’ Бериша), Попзлатанов, Барсегјан (61’ Стојков).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Митрев, Садики, Асани (46’ Петковски), Најдовски, Стјепановиќ, Трајчевски, Асани, Да Луз (87’ Дурански), Маркоски, Ангелов (80’ Кировски).

1МФЛ, 30. коло

Среда, резултати:

Вардар-Работнички 0:1 (Ангелов 56)

Академија Пандев-Шкендија 2:2 (Балдовалиев 53, Атанасов 64 пенал/Жуниор 16, Ибраими 19)

Пелистер-Силекс 2:1 (Маневски 16, Коњарски 52/Бујчевски 30)

Ренова-Скопје 2:0 (Стојановски 71, Костов 77)

Шкупи-Победа 3:1 (Јашароски 63, Чан Атила 76, Илијоски 84/Најдовски 87)

 

Табела:

1.Шкендија 76 бодови
2.Вардар 49
3.Силекс 45

4.Работнички 41
5.Ренова 37
6.Академија Пандев 36
7.Шкупи 36

8.Победа 29
9.Пелистер 28
10.Скопје 25

Наредно коло, двојки (29.04.2018 год., 16:00 ч.)

Ренова-Академија Пандев
Скопје-Пелистер
Силекс-Вардар
Работнички-Шкупи
Победа-Шкендија

Фото: fkvardar.mk
Видео извор: Youtube/Mkd Sport