1МФЛ: Шкендија подобра од Вардар и на еден бод од шампионската титула! (ВИДЕО)

Шкендија денеска во дербито од 28. коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ)…

Триумфираше на Националната Арена „Филип Втори“ – Скопје против Вардар со конечен резултат 2:3.

Поведе Шкендија уште во шестата минута со погодокот на Ибраими, а домаќините непосредно пред паузата израмнија преку Колевски.

Вардар за прв пат дојде до позитива на стартот од второто полувреме кога во мрежата на Реџепи стрелаше Блажевски од пенал.

Не траеше многу радоста на Вардарци, бидејќи само пет минути подоцна Ибраими од слободен удар ја затресе мрежата на Алексовски за израмнување.

Конечниот епилог го постави поранешниот член на Вардар, Муслиу во 59. мин. од средбата за вкупно 23. победа сезонава.

Токму пред верни навивачи избраниците на тренерот Ќатип Османи во следното коло на 22. април може да го обезбедат трофејот на дуелот против Шкупи од 16:00 часот.

Или со триумф или најмалку бод тетовските „црвено-црните“ ќе ја освојат својата втора титула во клупската историја.

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 2:3 (1:1)

Скопје, Национална Арена „Филип Втори“. Гледачи: 300.

Судија: Игор Стојчевски.

Стрелци: 0:1 Ибраими 6’, 1:1 Колевски 43’, 2:1 Блажевски (п) 47′, 2:2 Ибраими 52’, 2:3 Муслиу 59’

Ж. Картони: Новак, Хамбарџумјан, Грнчаров (В) – Мурати, Бејтулаи, Бојку (Ш).

ВАРДАР: Алексовски, Тошевски, Грнчаров, Новак, Брдаровски, Битанг, Реџепи (63’ Глигоров), Тодороски (46’ Хамбарџумјан), Блажевски, Барсегјан, Колевски (73’ Максимов).

ШКЕНДИЈА: Реџепи, Бејтулаи, Цуцули, Муслиу, Мурати, Тотре (86’ Фазлагиќ), Алими, Емини (62’ Бојку), Жуниор, Радески, Ибраими (92’ Адили).

Фото: fkvardar.mk