1МФЛ: Ренова не паѓа на „романтика“, само бод за Силекс кај „фенерџијата“!

Се одиграа и преостанатите четири натпревари во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ)…

Составот на Силекс веќе четврти меч по ред не знае триумф, односно во оваа серија денеска го забележа третото реми на гостувањето кај Силекс (1:1).

Тимот од Кратово поведе во 16. мин. преку Глигоров, а домаќините израмнија преку Петковски во 54. мин. на теренот на СРЦ „Железарница“.

Силекс предводен од тренерот Тасевски останува трет во генералниот пласман, позиција која води во квалификациите за Лига Европа, а во прилог им оди и поразот на Работнички од Ренова (2:1).

Во првото полувреме водеа „гипсарите“ после автоголот на Рашо, во вториот дел израмни Шаркоски (86), а само четири минути подоцна домаќините дојдоа до трите бода благодарение на Стојановски.

1МФЛ, 28. коло

Среда, резултати:

Вардар-Шкендија 2:3 (Колевски 43, Блажевски 46 пенал/Ибраими 6, 51, Муслиу 59)
Академија Пандев-Шкупи 1:2 (Балдовалиев 45+2/Шабани 33, Илијоски 38)
Скопје-Силекс 1:1 (Петковски 54/Глигоров 16)
Пелистер-Победа 1:1 (Трифуновски 83/Даноски 59)
Ренова-Работнички 2:1 (Рашо автогол 11, Стојановски 90/Шаркоски 86)

Табела:

1.Шкендија 72 бодови
2.Вардар 49
3.Силекс 42

4.Работнички 35
5.Ренова 34
6.Шкупи 33
7.Академија Пандев 32

8.Победа 26
9.Пелистер 25
10.Скопје 25

Наредно коло, двојки –

22.04.2018 (16:00 ч.)

Скопје-Академија Пандев, Силекс-Ренова, Работнички-Пелистер, Победа-Вардар, Шкендија-Шкупи.