1МФЛ: Работнички го совлада Вардар за прв пролетен триумф!

Работнички стигна до првиот триумф во пролетниот дел од првенството, совладувајќи го Вардар со 2-1 во рамките на 21.коло од Првата фудбалска лига.

Тимот од „Градски парк“ на самиот старт постигна два гола, преку Себастијан Херера и Виктор Ангелов, изненадувајќи го ривалот, а во завршницата играше и со играч помалку, поради исклучувањето на голманот Даниел Божиновски.

Вардар успеа да намали со голот на Горан Попов во 78. минута, но триумфот на крајот од средбата на Националната Арена „Филип Втори“ – Скопје му припадна на Работнички.

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 2-1 (2-0)

Арена „Филип Втори“. Судија: Александар Ставрев (Скопје). Стрелци: Херера 2’, Ангелов 6’ (Работнички), Попов 78’ (Вардар). Ж. картони: Митрев, Ангелов, Стјепановиќ, Херера (Работнички), Битанг, Попов (Вардар). Црвен картон: Божиновски (Работнички).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Рашо, Красниќи, Митрев, Херера, Асани, Трајчевски, Лазаров (89’ Јанков), Стјепановиќ, Ангелов (67’ Дурански), Кировски (55’ Гофри).

ВАРДАР: Гачевски, Тодороски (46’ Цветановски), Новак, Попов, Глишиќ, Глигоров, Битанг, Фелипе, Попзлатанов (46’ Блажевски), Максимов, Барсегјан.

На табелата Вардарци остануваат на второто место со 42 бодови, додека Работнички после седмата победа сезонава се искачи на четвртото место со 27.

Фото: fkrabotnicki.com