1МФЛ: Прилепска Победа на „крилјата“ на Илиески го урна Вардар! (ВИДЕО)

После високиот пораз во Лига Европа во Скопје од шпанскиот Реал Сосиедад (0:6)…

Актуелниот македонски шампион доживеа уште едно непријатно изненадување и тоа на Игралиштето „Могила“ откако загуби минимално со 1:0 од прилепска Победа.

Стрелец на единствениот гол на овој меч во мрежата на Вардар беше Илиески во 77. минута од средбата.

Овој кикс не го искористи Академија Пандев која ремизираше на гостувањето кај Скопје со 1:1 иако имаше водство од 38. минута преку Грифони, на крајот Мишевски донесе бод за домаќините.

Работнички во 11. коло од Првата лига дојде само до вториот триумф дома над битолски Пелистер (2:0), нова радост за „романтичарите“ донесоа Херера во 18. и Дурански во 59. минута.

Силекс и Ренова одиграа без голови, додека Шкендија ја оправда фаворитската улога против тимот на Шкупи (4:1).

За тетовскиот клуб двапати во листата на стрелците се запиша Хасани, гол-серијата ја започна Ибраими, Кривањева си постигна автогол, а на спротивната страна Јашаровски го ублажи петтиот пораз (трет во низа) на својата екипа.

1МФЛ, табела:

1.Шкендија 28 бодови
2.Вардар 19
3.Академија Пандев 18
4.Силекс 15
5.Пелистер 12
6.Победа 12
7.Шкупи 12
8.Ренова 11
9.Работнички 10
10.Скопје 6

Фото: fkvardar.mk