1МФЛ: Победа ја запре Шкендија, конечно нова радост за Вардар

Се одигра редовното 31. коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ)…

Последен пат оваа сезона сега веќе нов шампион Шкендија претрпе минатата година кај Академија Пандев со резултат 2:1.

Оттогаш па се до денеска избраниците на тренерот Ќатип Османи имаа фантастична серија од 18. натпревари по ред без пораз, а сега таа низа беше прекината на гостувањето кај Победа која триумфираше со 2:1.

Исто така и Вардар по подолго време ги израдува своите навивачи со нов триумф во шампионатот и тоа кај Силекс со резултат 0:2.

1МФЛ, 31. коло

Недела, резултати:

Скопје-Пелистер 4:0 (Алексовски 2, Коффи 32, Мунпајн 42, Тодоровски 69 автогол)
Победа-Шкендија 2:1 (Даноски 39, Најдовски 80/Ибраими 44)
Работнички-Шкупи 1:1 (Ангелов 14/Јашароски 51)
Ренова-Академија Пандев 2:1 (Мишковски 69, Нафиу 75/Миловановиќ 85)
Силекс-Вардар 0:2 (Попов 13, Исени 21)

Табела:

1.Шкендија 76 бодови
2.Вардар 52
3.Силекс 45

4.Работнички 42
5.Ренова 40
6.Шкупи 37
7.Академија Пандев 36

8.Победа 32
9.Скопје 28
10.Пелистер 28

Наредно коло, двојки:

2. мај 2018 год.
15:00 ч. Шкупи-Силекс
16:00 ч. Академија Пандев-Победа
16:00 ч. Шкендија-Работнички
16:00 ч. Вардар-Скопје
16:00 ч. Пелистер-Ренова

Фото: fkvardar.mk