1МФЛ: Најинтересните моменти од натпреварот Работнички-Шкендија! (ВИДЕО)

Со новите три бода против Работнички на „Филип Втори“ Арената, составот на Шкендија направи уште еден чекор поблиску до новата шампионска титула во Првата македонска фудбалска лига.

Стрелци на головите за тетовските „црвено-црни“ против „романтичарите“ на гостувањето беа Емини во 45. и Ибраими од пенал во 52. мин. од средбата. На табелата избраниците на тренерот Ќатип Османи се на првата позиција со 59 бодови, дури 16 повеќе од второпласираниот Вардар.

Во продолжение на видео записот погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот Работнички-Шкендија:

Фото: fkrabotnicki.com