1МФЛ: „Гипсарите“ во Тетово пресилни за Академија Пандев!

Се одигра првиот натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ)….

На Градскиот стадион во Тетово денеска Ренова со конечен резултат 3:1 ја совлада екипата на Академија Пандев.

Се беше решено уште во првото полувреме кога во периодот од 27 до 39 минута домаќините постигнаа три погодоци преку Гафури, Мишковски и Лусао.

Гостите кои го претрпеа третиот пораз сезонава својот единствен погодок го постигнаа во 86. минута преку Марков.

За „гипсарите“ ова е вториот триумф во шампионатот (втор по ред) за моментно петтата позиција со 17 бодови, а Академија Пандев остануваат второпласирани со 21.

Води Шкендија со 28 бодови, а бранителот на трофејот Вардар е на третата позиција со 19, но и два меча помалку.