1МФЛ: 20 победа сезонава за Шкендија, а Вардар ја прекина лошата серија!

Се одиграа вкупно четири натпревари денеска во рамките од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ).

Шкендија ја продолжува успешната серија на резултати, откако на домашен терен минимално со 1:0 го совлада Силекс. Стрелец на единствениот гол за тетовските „црвено-црни“ беше Фазлагиќ во 16. мин. од средбата за вкупно 20. победа сезонава.

Со истиот резултат пред своите гледачи Вардар ја надигра екипата на Ренова со погодокот на Блажевски реализиран во 23. мин. На тој начин избраниците на тренерот Чедомир Јаневски ја прекинаа серијата од три мечеви (два порази и едно реми) во низа без победа.

1МФЛ, 24. коло

Сабота, резултати:

Академија Пандев-Пелистер 1:1 (Илијоски автогол 48/Ристевски 90+3)
Победа-Работнички 2:0 (Лога 82, Најдовски 90+4)
Шкендија-Силекс 1:0 (Фазлагиќ 16)
Вардар-Ренова 1:0 (Блажевски 23)

Недела (18. март) 14:00 ч.
Шкупи-Скопје

Табела:

1.Шкендија 62 бодови
2.Вардар 46
3.Силекс 36

4.Шкупи 29
5.Академија Пандев 29
6.Работнички 28
7.Ренова 25

8.Победа 25
9.Пелистер 22
10.Скопје 17

Фото: fkvardar.mk