17 годишниот Османоски од Унтерахинг е ново име во македонската репрезентација

Пријателски натпревар – МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА Скопје, Национална арена „Филип Втори“, 11. ноември 2017., 18:30 часот.

Портал за влезници Трибина / Цена на влезници: Јужна трибина / Блок 1, 2, 5 и 6 – 100 денари; Блок 3 и 4 – 150 денари;

Селекторот на македонската А репрезентација Игор Ангеловски одржа брифинг со медиумите по повод денешниот собир на селекцијата и почетокот на подготовките за контролниот натпревар против Норвешка на 11. ноември во Скопје.

Ново име во најдобриот македонски состав е 17-от годишниот Анес Османоски од германски Унтерахинг.

Сезонава централниот играч од средниот ред Османоски настапува во А јуниорската Бундеслига за играчи до 19. години и досега во дресот на Унтарахинг има 10. настапи и еден погодок против Хофенхајм.

За натпреварот со Норвешка, Ангеловски дефинитивно нема да смета на Висар Муслиу. Дефанзивецот од Вардар поради повреда ќе го пропушти саботниот натпревар.

Доцна попладне, по дополнителните медицински тестирања во Загреб, ќе биде јасно дали Аријан Адеми од хрватски Динамо ќе може да се стави на располагање на репрезентацијата.

Без разлика на отсуствата на неколкумина фудбалери, јас верувам во тимот и во играчите кои ги имаме на располагање за претстојниот натпревар. Знаеме што нѐ очекува, ќе се соочиме со различен стил на игра кој го форсираат норвежаните, но верувам дека ќе го наметнеме нашиот ритам и со успех ќе ја завршиме фудбалската 2017 година.

На овој дуел ќе пробаме неколку тактички варијанти и се надевам дека сите ќе бидат на висина на задачата. Ново име во репрезентацијата е Османоски кој е дел од младите национални тимови на Македонија и со тоа ја продолжуваме праксата да им дадеме шанса на младите кои во иднина можат да бидат важен дел од А тимот, како што е случајот со Чурлинов, Елмас, Атанасов.

Кире Маркоски исто така ќе биде дел од составот на Македонија, околностите во тимот за него се познати и верувам дека ќе ја оправда довербата, исто така како што го направи тоа во квалификациите за младинското ЕП 2017“, изјави Игор Ангеловски.

Првиот тренинг Македонија ќе го одработи денеска во 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.