10 гол сезонава на Ивановски во хрватскиот фудбалски шампионат! (ВИДЕО)

28-годишниот македонски напаѓач ја продолжува голгетерската форма во најсилната фудбалска лига на Хрватска.

Мирко Ивановски го постигна 10-от погодок сезонава во дресот на Славе Белупо кој загуби минимално на гостувањето кај Истра 1961 со конечен резултат 2:1.

Водеа гостите после првото полувреме со гол реализиран од пенал на Ивановски во 23. минута, но домаќините направија пресврт во вториот дел преку Оточиан и Роце.

Славен е на средината на табелата, поточно на петтото место со 31 бод, а во следното коло ќе игра против четвтртопласираниот Осиек (41) на нашиот интернационалец Музафер Ејупи.