1МФЛ: Шкендија ја слави новата шампионска титула! (ВИДЕО)

Денеска и официјално Шкендија е новиот шампион оваа сезона (2017/2018) во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ).

Ова е втор трофеј за тетовскиот клуб во својата клупска историја, првиот го имаше во натпреварувачката сезона 2010/2011.

На избраниците на тренерот Ќатип Османи им недостасуваа само уште еден бод и математички да го освојат првото место, но се погрижија со триумф пред своите верни навивачи против Шкупи со 2:0 славјето биде уште поголемо.

На Градскиот стадион во Тетово пред 4.000 илјади гледачи немаше погодоци во првото полувреме, но затоа во второто трите бода ги донесоа Радески во 63. и Ибраими во 82. мин. од средбата.

1МФЛ, 29. коло

Недела, резултати:

Работнички-Пелистер 4:0 (Ангелов 54, Маркоски 65, 67, Џефри Чинеду 70)
Скопје-Академија Пандев 0:2 (Дориев 57, Балдовалиев 66)
Победа-Вардар 2:0 (Гешоски 20, Даноски 55)
Шкендија-Шкупи 2:0 (Радески 63, Ибраими 83)
Силекс-Ренова 1:0 (Пановски 42)

Табела:

1.Шкендија 75 бодови
2.Вардар 49
3.Силекс 45

4.Работнички 38
5.Академија Пандев 35
6.Ренова 34
7.Шкупи 33

8.Победа 29
9.Пелистер 25
10.Скопје 25

Наредно коло, двојки:

25.04.2018 (16:00 ч.)

Академија Пандев-Шкендија
Шкупи-Победа
Вардар-Работнички
Пелистер-Силекс
Ренова-Скопје