1МФЛ: Шкендија убедлива против Пелистер, а Вардар „падна“ пред Шкупи!

Се одиграа петте средби од 18. коло во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ)…

Шкендија продолжува со успешната серија на резултати, на домашен терен со 3:0 го совлада Пелистер.

Тетовскиот клуб дојде до новите три бода благодарение на головите постигнати во второто полувреме преку Ибраими, Хасани и Зејнулаи. Пред третиот погодок црвен картон кај битолчани доби Пеев.

Бранителот на трофејот Вардар го претрпе и четвртиот пораз сезонава, овојпат на гостувањето кај Шкупи со 2:0. За шестиот триумф во шампионатот се погрижија Јашаровски и Стојкоски.

1МФЛ, 18. коло

Недела, резултати:

Академија Пандев-Силекс 0:1 (Ѓорѓевиќ 15)
Победа-Ренова 1:1 (Најдовски 73/Нафиу 80 пенал)
Работнички-Скопје 3:0 (Трајчевски 49, Сержињо 83, 90)
Шкендија-Пелистер 3:0 (Ибраими 49, Хасани 68 пенал, Зејнулаи 90)
Шкупи-Вардар 2:0 (Јашаровски 62, Стојкоски 86)

Табела:

1.Шкендија 46 бодови
2.Вардар 32
3.Силекс 31
4.Академија Пандев 25
5.Работнички 23
6.Шкупи 23
7.Победа 19
8.Ренова 18
9.Пелистер 16
10.Скопје 10

Фото: fkvardar.mk