1МФЛ: Голот на Барсегјан донесе победа во градското дерби

Денеска и официјално заврши есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ)…

Во заостанатиот натпревар од 12. коло бранителот на титулата Вардар со минимален резултат 1:0 го совлада Работнички во градското дерби.

Стрелец на единствениот гол за „црвено-црните“ беше ерменскиот интернационалец Барсегјан во 78. минута од средбата.

На тој начин, избраниците на тренерот Чедомир Јаневски го намалија заостанувањето зад водечката Шкендија на минус осум.

За Вардарци останува уште еден меч во недела на „Чаир“ против Шкупи во рамките од реванш осминафиналната Куп пресметка. Да потсетиме, на првиот меч на стадионот „Ѓорче Петров“ беше 1:1. Победникот ќе игра во четвртфиналето против Шкендија.

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ  1:0 (0:0)

Национална Арена „Филип Втори“ во Скопје. Гледачи: 300.

Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).

Стрелци: 1:0 Барсегјан 78’

Ж. Картони: Максимов, Марковиќ, Демири (В) – Дурански, Геофреј, Ефтимов, Митрев (Р).

ВАРДАР: Гачевски, Муслиу, Велковски, Новак, Демири, Марковиќ (67’ Глигоров), Стојчевски (63’ Стојков), Фелипе, Николов, Барсегјан, Максимов (83’ Тодороски).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Илиев, Садики (82’ Кадриу), Митрев, Билали (55’ Ефтимов), Дурански, Тодоров, Велинов, Сергио, Маркоски, Геофреј (85’ Е. Сахити).

1МФЛ

Вардар-Работнички 1:0 (Барсегјан 78)

Табела после 18. кола:

1.Шкендија 46 бодови
2.Вардар 38
3.Силекс 31
4.Академија Пандев 25
5.Работнички 23
6.Шкупи 23
7.Победа 19
8.Ренова 18
9.Пелистер 16
10.Скопје 10

Фото: fkvardar.mk