Уште еден Вардарец во Унгарија: Николов пред потпис со Видеотон!?

Откако претходно за унгарскиот клуб Ференцварош потпиша Стефан Спировски…

Уште еден Вардарец се поврзува со трансфер во оваа земја, станува збор за 23-годишниот играч од средниот ред, Бобан Николов.

На лето истекува договорот со актуелниот македонски шампион, па челниците на Видеотон се очекува да платат обесштетување од околу 100.000 илјади евра.

Николов (како и Спировски) е репрезентативец кој се очекува да биде големо засилување во борбата за шампионската титула токму против Ференцварош.

Моментно во најсилната унгарска фудбалска лига после 19. кола Ференцварош е на првото место со 41 бод, три повеќе од Видеотон.

Фото: fkvardar.mk