Симоновски му носи опстанок на Сепси во романскиот фудбалски шампионат! (ВИДЕО)

Денеска во рамките од петтото коло во групата за опстанок во романскиот фудбалски шампионат…

Составот на Сепси забележа значаен триумф на домашен терен против екипата на Газ Метан со резултат 2:1.

Најпрвин водеа гостите со погодокот на Рондон во 30. мин, израни Хаднаги во 69-та, а конечниот епилог за голема радост на трибините и пресврт го постави македонскиот интернационалец Марко Симоновски (90+2).

На табелата Сепси е на сигурната трета позиција со 19 бодови. За нашиот 26-годишне играч и напаѓач ова е втор погодок во петтиот настап сезонав за својот клуб.

ГОЛОТ НА СИМОНОВСКИ МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА 03:28 МИН. ОД ВИДЕО ЗАПИСОТ: