Серија Б: Го нема Несторовски, но затоа тука е Трајковски! (ВИДЕО)

Во дербито од 18. коло во италијанската Серија Б значајни три бода освои Палермо.

Денеска на Стадионот „Сан Никола“ убедливо со конечен резултат 0:3 беше совладан тимот на Бари.

Во составот на Палермо го нема најдобриот голгетер Илија Несторовски кој според најавите неколку недели ќе паузира поради повреда.

Вториот македонски интернационалец Александар Трајковски кој воглавно добива шанса од клупата, овојпат беше стартер и ја искористи на најдобар можен начин приликата која ја доби од тренерот Тедино.

Откако најпрвин мируваа мрежите во текот на првото полувреме, во второто гол-серијата ја започна Рисполи, зголеми Трајковски (го одигра целиот меч) во 69. минута (втор погодок за него сезонава), а конечниот епилог го постави Коронадо после асистенцијата на Рисполи (75.)

После 18 кола води Палермо со 32 бодови и во следното коло на 16. декември ќе ја пречека Тернана.