Нов гол на Несторовски за Палермо во Серија Б! (ВИДЕО)

Во рамките од шестото коло во италијанската фудбалска Серија Б…

Вечерва на „Ренцо Барбера“ нов гол на македонскиот интернационалец Илија Несторовски во дресот на Палермо.

После водството на гостинскиот состав на Про Верчели од 0:1 во 21. минута, пет минути подоцна Бугаринот Чочев асистираше до нашиот играч кој убаво го пронајде патот до противничката мрежа.

Ова е за него трет гол сезонава во петтиот настап сезонава, претходно стрелаше против Перуџа (1:0) и Специја (2:0).