Македонија напредуваше за девет позиции на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска сениорска репрезентација има нов напредок на ФИФА ранг листата…

После победата од 2:0 во пријателскиот натпревар против Норвешка во Скопје „црвено-жолтите“ скокнаа за девет места и моментно се на 76. позиција со 446. поени. Зад нас е Либија со 442, а пред селекцијата на Замбија со 449 поени.

ТОП 10 ФИФА Ранг листа:

1.Германија 1602 поени
2.Бразил 1483
3.Португалија 1358
4.Аргентина 1348
5.Белгија 1325
6.Шпанија 1231
7.Полска 1209
8.Швајцарија 1190
9.Франција 1183
10.Чиле 1162