Куп: Во полуфиналето се пласираа Академија Пандев, Ренова и Пелистер!

Денеска се дознаа три патници во полуфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија.

Како полуфиналисти се промовираа Академија Пандев, Ренова и Пелистер, а Шкендија го чека подобриот од двомечот Вардар-Шкупи, по што ќе се дознае и последниот четврти учесник во натпреварувањето.

Академија Пандев со убедлива победа над Тетекс од 4:1 го потврди пласманот меѓу четирите најдобри екипи во Купот на доминантен начин, откако на првиот натпревар кој го одигра на гостински терен во Тетово го совлада Тетекс со 0:2.

Со ова Академија Пандев го оствари својот најголем успех во историјата и за првпат ќе има шанса да настапува во едно големо финале.

Ганчев го отвори резултатот во 21. минута, потоа во 33-та Боуен одлично го проигра Стоилов кој се ослободи од противничкиот дефанзивец и стрелаше за 2:0 пред паузата.

Боуен имаше навистина еден одличен меч, кој го круниса со погодок во 68. минута од мечот. До крајот на натпреварот Тетекс успеа да постигне почесен погодок, а неговиот противник славеше со конечни 4:1.

Ренова на првиот меч славеше со 2:0 против Скопје, „гипсарите“ и на реваншот беа подобри од 2:1. Иако скопјани водеа, тетовскиот клуб се врати и направи целосен пресврт благодарение на Рамадани (75.) и Јусуфи (90. мин.)

Во пелагониското дерби откако на првиот дуел Пелистер убедливо со 5:2 славеше над Победа, овојпат ремизираа прилепската и битолската екипа (2:2).