Каде ќе настапуваат македонската У17 и У19 репрезентација за пласман на следните евро-шампионати?

Во текот на вчерашниот ден македонските фудбалски репрезентации до 17. и 19. години ги добија новите противнивници во квалификациите за наредните евро-шампионати.

Селекцијата до 17 години за пласман на ЕП во Англија (4-20 мај 2018 год.) ќе игра во групата 3 (21-27 март) против Република Ирска, Полска и Грузија.

УЕФА потврди дека Полјаците ќе го организираат турнирот, првопласираните од сите групи и седум најдобровторопласирани ќе бркаат учество на ЕУРО.

Потоа, селекцијата на У17 ги доби ривалите и од првата фаза во квалификациите за ЕП во Република Ирска ќе игра во групата 4 (20-26 октомври 2018 год.) со Шпанија, Израел и Фарски Острови.

УЕФА потврди дека нашата земја ќе биде домаќин на турнирот, првопласираните две и четири најдобро третопласирани ќе се најдат во елитната рунда квалификации кои треба да се одржат во март 2019 год.

Селекцијата до 19 години ќе се бори за пласман на ЕП во Финска (16-29 јули 2018 год.) во групата 2 со Англија (бранители на европската титула), Унгарија и Летонија. Само првопласираниот ќе игра на континенталниот собир.

Сеуште нема потврда од европската куќа на фудбалот за тоа кој ќе биде домаќин, но од друга страна информираше Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) дека Скопје идната година (21-27 март) ќе го организира турнирот.

Тоа е одлична шанса за нашите надежи, со оглед на фактот што токму во главниот град со три максимални победи на ФФМ Тренинг центарот „Петар Милошевски“ против Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн беше завршена првата фаза од квалификациите.

И на крајот У19 селекцијата ги доби и ривалите во првата фаза од квалификациите за ЕП 2019 (јули) во Ерменија. Се најде во групата 3 (14-20 ноември 2018 год.) заедно со Чешка, Хрватска и Луксембург.

УЕФА потврди дека Чесите ќе го организираат турнирот, првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат настап во елитната рунда (пролет 2019).