До крајот на сезоната Елмас на позајмица?

Турскиот гигант размислува да го испрати македонскиот интернационалец на позајмица…

Како што пренесуваат тамошните медиуми, Фенербахче би можел да го испрати Елиф Елмас на позајмица во Генчлербирлиги.

Позајмицата според турскиот дневен весник „Јени Шафак“ на нашиот млад репрезентативец би траела до крајот на сезоната.

На тој начин Фенер ќе му даде поголема шанса да игра ширум терените. Потсетување, дека има право Елмас да настапува од јануари за првиот тим, но најверојатно поради преголемиот број на странски играчи, најдобро ќе биде за нашиот фудбалер да ја бара минутажата во другите клубови.

Досега настапуваше за првиот тим само во пријателски натпревари и за У21 тимот. Исто така се шпекулира дека можно е Фенербахче да продаде неколку од тие странци, со цел да се направи место за Македонецот.