Втора победа на УЕФА развојниот турнир: Македонските фудбалски надежи подобри и од БиХ!

Денеска во рамките од второто коло на УЕФА развојниот турнир на Тренинг центарот во Зеница (БиХ)…

Македонската фудбалска кадетска репрезентација триумфираше над селекцијата на Босна и Херцеговина на пенали со резултат 2:1. После регуларните дел немаше голови 0:0.

Во пенал серијата за нашата селекција реализираа Терзиев и Иванов, а на спротивната страна противникот промаши четири удари од белата точка, единствено прецизен беше Дураковиќ.

Македонија: Јорданов, Костовски, Асани, Тодоровски, Ѓурковски, Стојменов, Аврамовски, Николов, Максимов, Костески, Петејчук. Играа уште Илиевски, Терзиев, Костовски, Омеровиќ, Салиу, Станковски, Иванов, Сали. Селектор: Марио Вујовиќ.

Претходно на стартот од натпреварувањето, нашите фудбалски надежи со 2:0 го совладаа Азербејџан (Омерагиќ 19, Салиу 80).

Фото: nfsbih.ba